“Casa del Viento” излегува од царството на имагинацијата и се претвара во реалност, во едно мирно и спокојно место. Инспирацијата за дизајнот на оваа куќа е од легендата за Tepozteco, големата вулканска формација која се наоѓа на местото, која можеби својот изглед не го добила од ерозијата на ветрот и водата туку од човечка рака, од оние што сакале да го одоброволат Ehécatl, богот на ветрот.
Трите имагинарни карпи, кои како да паднале од вулканската формација, се претворени во ѕидови. Трите линии кои отстапуваат место на куќата, отворена кон виорот на ветрот, се во постојана врска со надворешноста од која и потекнуваат а, конзолната структура е одличен преоден простор помеѓу екстериерот и интериерот.