Skip to main content

На одделот за интензивна нега во Сараевската болница, секоја недела точно во 11 часот навечер умираше по еден пациент, без разлика на неговата состојба. Лекарскиот конзилиум беше многу загрижен, бидејќи никако не можеше да се најде причината за смртта на пациентите во болницата. Некои доктори и покрај се веруваа во натприродни сили.

Одлучија: Да се формира специјален тим, кој ќе биде посветен на проблемот, деноноќно.

Следната недела се собраа сите:  доктори, анестезиолози,сестри, болничари. Некои од нив носеа и лук, глогов колец, крстови, библии. Сите го очекуваа злото.

exorcist2

Кликна стрелката на портокаловиот болнички часовник во ходникот. Мртва тишина. Се отвори вратата.

Влезе Расима Сафиќ чистачка во трета смена ги исклучи сите кабли од ѕидот и ја уклучи својата правосмукалка.

mp900386132

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...