Пред една недела во студиската сцена на 20th Century Fox во Лос Анџелес, музичарот и текстописец Beck заедно со оркестар од 157 члена под диригентската палка на неговиот татко David Campbell ја изведе Sound and Vision на David Bowie од 1977-ма. Настанот го спонзорираше Lincoln, автомобилската индустрија од Детроит. Изведбата на Beck на Sound and Vision ќе биде употребена во новата рекламна лампања на Lincoln.