Мира Митрова е роденa 1983 година во Неготино, Република Македонија. Таа дипломира (графика и графички дизајн) на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот Св Кирил и Методиј во Скопје, Република Македонија во 2006 година.
Таа живее и работи во Соединетите Американски Држави. Нејзините уметнички дела вклучуваат графика, графички дизајн, масло на платно и фотографија. Досега имала соло и групни изложби во Скопје, ЊуЈорк, Берлин и Париз и има добиено Македонска државна награда.