За учениците заврши школската година, но тоа не значи дека треба да завршат сите активности околу учењето и напредувањето во многу области. Некои работи сакате да ги знаете, а некои, ете, мора да ги знаете!
Изучувањето на јазикот може да биде и забавно. Веруваме дека преку интересна презентација лекциите подолго време ќе останат ”во глава”. Аудио, видео, книги, картички, лекции во природа, храна…се е дозволено!
Jeff Wyasaski од Pleated-Jeans го направи информативното видео ”Grammar Lessons with Food” за Англиската граматика. Ќе научите, ако веќе не сте научиле досега, за разликите помеѓу ”Your” и ”You’re”, каде да употребите цртичка, значењето на зборот ”literally” и многу други нешта.
И како што е редот да повториме: