Skip to main content

Што е тоа што се буди во просечниот американец кога станува збор за автомобилите?
Нешто што ние европјаните, очигледно, никогаш нема да го разбереме.

Зошто? Па немаме толку големи автопати, рамнини, беспаќа. Немаме толку евтин бензин и немаме слободно време  во изобиле. Кога сме веќе кај немање да си кажеме и дека ние македонците немаме ниту автомобилска индустрија.

Ама пак, мускулите се универзални, посебно оние на автомобилите. И мажите ”паѓаат”…на дизајнот или на брзината, на моќноста можеби?

И зошто побогу сите автомобили имаат женски имиња ”на галено”?
Еленор е Форд Мустанг од 1971. Главен глумец е во ”Gone in 60 seconds”. Да, добро прочитавте. Глумец. Акредитиран ем тоа. И нема ништо женствено во него. Ама, ете, си го викаат Еленор.

И каква врска имаат мускулите, со американците, со автомобилите, со универзалноста, се прашувате? Е па, ваква :

mu24 mu23 mu22 mu20 mu19 mu18 mu17 mu16 mu15 mu12 mu11 mu10 mu9 mu8 mu7 mu6 mu5 mu4 mu3 mu2 mu1

  Како се викаат вашите ”мускули” а? 🙂

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...