Skip to main content

Ви се случило  вам, сигурно, да поминете барем една ноќ без сон. Или повеќе? Но, дали сте помислиле што би се случило кога воопшто не би спиеле?

Ако вие не сте помислиле на таква можност, необичниот двоец биолози Мичел Мофит и Грегори Браун на таа тема многу размислувале. Преку својот Youtube  канал AsapSCIENCE, веќе неколку пати досега, преку видео записи, даваат објаснување на необичните појави од нашиот живот. За да не биде презентацијата досадна и да не ве ”удават” со стручни термини, тие користат шарени цртежи и доста разбирлив јазик.

Овој пат, тие објаснуваат што би се случило кога би престанале да спиеме. Ништо посебно, барем не на почеток, тврдат тие, дури би имале и енергија за да сработиме многу работи.

Но! Она што следи, без сомневање е погубно по нашето здравје. Со неколку непроспиени денови, деловите на нашиот мозко одговорни за планирање и носење одлуки би престанале да работат. Халуцинации? Колапс? Кардиоваскуларни болести? Дијабетес? Смрт?

Откријте во видеото:

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...