Една од најзначајните спортски манифестации за граѓаните на Скопје, но и на Република Македонија воопшто, Скопски маратон 2013 ќе се одржи во недела 12.мај. Оваа манифестација од 2007 година се одржува по повод Денот на Европа. Годинешниот маратон е 9-ти по ред. Во него ќе земат учество бројни натпреварувачи од разни возрасти, како и од разни држави. Интернационалниот карактер на маратонот ќе биде манифестиран со натпреварувачи од најмалку 32 земји од светот Огранизатор е Сојуз на Спортови на Скопје во соработка со Атлетската Федерација на Македонија и Атлетски Клуб Работнички.
Како и претходните години, така и оваа, ќе се трча маратон на 42.195 метри, полумаратон на 21.097 метри, хуманитарна трка на 5.000 метри, како и детски Colgate мини маратон на 500 метри. Во склоп на хуманитарната трка ќе се одржи и Тим Билдинг натпревар помеѓу натпреварувачи од разни компании и групи на ученици. На маратонот ќе бидат вклучени и ученици од средните училишта кои што ќе се борат за престижот најдобро пласирано училиште на маратонот. Во рамки на најмладите учесници, она што предизвикува се поголем интерес е Colgate мини маратонот на кој се пријавени 600 учесници. За најдобрите во рамките на трките и оваа година се обезбедени вредни парични награди, како и бројни други награди од спонзорите на Скопскиот маратон 2013.
Сите што трчале или изоделе маратон, знаат колку може да им помогне публиката. Но и за да се биде добар гледач, потребни се работа и подготовка. Доколку го следите Скопскиот маратон и за да им пружите максимална помош и поддршка на учесниците еве неколку СОВЕТИ
Годинава за прв пат се организира и конкурс за најдобра фотографија од маратонот.
Правилата на следниот линк: http://skopskimaraton.com.mk/fotokonkurs
По повод одржувањето на манифестацијата Скопски Маратон 2013 на 12.05.2010 година (недела) во период од 07,30 до 14,00 часот ќе биде изменет режимот на сообраќај.
Во дадениот период целосно затворени за сообраќај ќе бидат: ул.„Димитрије Чуповски“, бул.„Илинден“, ул.„Франклин Рузвелт“, ул.„Војвода Васил Чакаларов“(Адолф Циборовски), ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, ул„11 Октомври“, делот на бул. „Крушевска Република“ од семафорите кај Тутунски Комбинат до семафорите кај Полициска Станица Пролет ,бул.„3-та Македонска Бригада“ од семафорите кај Полициска Станица Пролет до крстосница со ул„Фрањо Клуз“, десната коловозна лента од бул.„Јане Сандански“ од Тобако во правец кон Аеродром се до крстосница со бул.„Србија“. Делумно затворени за сообраќај ќе бидат: десната коловозна лента од бул.„Климент Охридски“ во правец од Матица до семафорите кај Влада, ул.„Љубљанска“ во правец од бул.„Илинденска“ до семафорите кај бул.„Партизански Одреди“, ул.„Московска“ во правец од бул. „Партизански Одреди“ до Студентски дом Гоце Делчев. Во согласност со променетиот режим на сообраќај, ќе биде променет режимот на линиите на Јавниот градски превоз