Ова е првиот класичен двосед на Jaguar по легендарниот E-type кој се смета за еден од најубавите автомобили на сите времиња и покрај несразмерната пропоција помеѓу ширина на трагите со обемот, па изгледа како дебелко во пантолони со тесен каиш.
Сместен во класа помеѓу Porsche Boxster и 911 со почетна цена од 69.000$, која го прави подостапен, F-type е највозбудлива возачка машина создадена од Jaguar после суперавтомобилот XJ220. Продажбата на роудстерот со мек покрив кој нуди избор меѓу V6 и V8 мотор ќе започне ова лето. Купе изведбата во форма на F-type R и RS модел е закажана за подоцна.
Дали некој сеуште се сеќава на она чуство на поврзаност со возилото и директноста на управувањето? Очигледно Jaguar сеуште ги негува овие традиции. Најголема заслуга за тоа има хидрауличниот управувачки систем, за разлика од електричниот и кој се применува во скорo сите нови модели на автомобили.
Со овој модел Jaguar повторно се издигнува на врвот. Заслужено.
Основна цена (во САД ) V6 $69,000; V6 S $81,000; V8 S $92,000