И после толку топло-ладни денови еве стасавме до јуни. Летото и официјално може да започне.

Редно е да ги отфрлите темните парчиња гардероба и да ги замените со нешто светло, сјајно, а зошто да не и златно? Фустаните се во пастелни бои и едноставен крој. Но, специфични се поради златните детали.

Кога сме веќе кај деталите, она што ќе го ”зачини” секој стил, еве предлог:

Accessories

Ташнички со необичен, би додале, толку женствен дизајн. А, ѓерданот…”суво злато” 🙂

 

Убаво би било да чекорите боси, по некоја ливада или песочна плажа. Со овие златни обувки, високи потпетици со тенки ремчиња и светкави каменчиња, балетанки со златна плетенка или сандали со полна пета, слободно ќе чекорите по облаци. Сепак вие сте Златна Девојка, нели?

Shoes-1

Спремни сте? Значи, сонце, златен сјај и кажете му добредојде на летото!

 

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts