Кодак Бр.1 камерата на Џорџ Истман, првиот фотоапарат за широка потрошувачка беше претставен во 1888 год. Со овој апарат се снимаа и првите аматерски фотографии од секојдневието.

Рекламниот слоган ”Вие само притиснете на копчето, за останатото ние ќе се погрижиме” го направи овој фотоапарат, најпосакуваниот предмет во тоа време. Кодак Бр.1 фотоапаратот е всушност дрвена кутија, обложена со кожа во која има однапред подготвени 100 експозиции. За да се фотографира, потребно било само да се намота филмот, да се отвори блендата и да се притисне копчето. Цената исто така била доста поволна, фотоапаратот чинел само 25$, што би било еднакво на денешните 600$. 

Благодарение на овој иновативен гаџет, обичните луѓе сликаа делови од секојдневниот живот. Националниот Медијски Музеј собра колекција од такви фотографии, сликани во 1890-тите, така да имаме увид каков бил животот во тоа време.

Патувања, одмори, пикници, секојдневие…Еве како се тоа изгледало тогаш:

 

k1
k3
k4
k5
k6
k7
k8
k9
k10
k11
k12
k13
k14
k15
k16

 

 

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts