Едно од есенските богатства е секако калинката. Ова здраво овошје со прекрасна боја и мирис е полно со витамини и е препорачливо да се користи во секојдневната исхрана. Семките на калинката се богати и со елагинска киселина која е силен антиоксидант и добро ќе ви дојде во борбата со настинките.

Деновиве на пазарите се нудат сочни и убави плодови и би било одлично кога би се засладиле со калинки, нели? Но, маката настанува во моментот кога ќе посакате да ја исчистите. Многу прскање и неред во кујната! 

Еве мал совет кој ќе ви биде од голема помош:
Расечете ја кората на калинката на неколку дела и оставете ја неколку минути во сад со ладна вода. Потоа искршете ја на парчиња и почнете да ги одвојувате семките од кората и мембраните.

За да не згрешите, погледајте го видеото:

 

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts