Како што обично бидува, случајните откритија, случајно се случуваат 🙂 На ум едно, на друм друго. Некои работи  кои во чуден сплет на околности случајно се откриени станаа дел од нашето секојдневие. Погодувате кои? Со намера, а не случајно, ќе ви ги откриеме овие откритија :

gumazadvakanje

Томас Адамс сакал да најде замена за гума. Успеал до некаде!

vijagra

Првичната намена била – лек за ангина. Денес ”лечи” нешто друго.

inoks

Англискиот металург Хери Брирли, за потребите на воената индустрија, се обидел да создаде спој на челик и други метали. Добил ”оружје” кое денес се користи и во индустријата и во домаќинството.

svs

Оваа нијанса на виолетова боја е откриена во 1856 год кога хемичарот Вилијам Хенри  Перкин користел лек за маларија која ја пренесуваат комарци. Бојата која останувала на телото на болниот не била ”маларична”, туку светло виолетова (mauve)

teflon Како ќе правевте убави палачинки ако не беше Рој Планкет? Додека тој се обидувал да наиде на материјал за разладните уреди, тефлонот се ”одлепил” од него.

Coca cola

Овој напиток првенствено се користел како замена за зависност од морфиум, лекување на главоболки и смирување на нервозата. Вие кои ”болки” ги лекувате денес?

лсд

Еден швајцарски научник сакал да им помогне на родилките при породување. Таа била намената за употреба на овој лек. Денес сепак…

dvloski

Луѓето од компанијата Кимберли Кларк, за негување на раните на војниците, на бојното поле испратиле производ од компресирана целулоза (вата). Денес, нив ги употребваат милијарда жени низ цел свет.

целофан

Во 1900 год швајцарецот Жак Бранденбергер работел на откривање на материјал кој  нема да дозволува пакуваната храната да се намокри. На платнено парче ткаенина тој нанел слој на водоотпорна вискоза. Еве, уште ”шушкаме” заради овој пронајдок.

ПЕЈСМЕЈКЕР

Американецот Вилсон Грејтбеч не бил доктор, туку инжинер. Сакал да направи апарат за снимање на забрзаните и гласни чукања на срцето. Сосем случајно, инжинерот е ”виновникот” за развојот на медицината.

ТЕЧНОСТ ЗА УСТА

Верувале или не, пред 133 години ова бил најсилниот антисептик во хирургијата. Се користел и за лекување на гонореја. Еве, ние, плакнеме уста 🙂

 

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts