ЗА ИСКРА…

Искра Донева е една од нас, блогер, поет, книжевник и вљубеник во пишаниот збор.

Посакува многу нешта, секојдневно си поставува нови реални предизвици кои ја водат во нови победи. Посетува постдипломски студии, работи, се забавува, само можеби на поинаков начин или со одредена помош. Сепак, најсреќна би била ако нештата ги здогледа и од стоечка перспектива. Нејзин најголем копнеж е да почувствува како е да се стои со раширени раце сред класје жито”, како што има запишано во едно свое хаику. Со тоа, на најдобар начин би им се оддолжила на семејството и добронамерниците кои безусловно ја поддржуваат и ја сакаат. Тоа би значело олеснување и доближување и до сонот за оформување на сопствено семејство, за можност повеќе да ги усреќи другите со сето она што го прави или ќе го прави во иднина.

Храбро се бори низ животот и тоа го прави со насмевка и хаику поезија.

Еве избор он најновите самостојни дела на Искра „Скакулче игра плочка“, „Татко“ и „Лазарополски хаикуа” кои ќе бидат промовирани во понеделник на 10 јуни во Кино Фросина, МКЦ од 20 часот.

 

skakulec

 

„Јунско попладне.

Скакулче игра плочка

меѓу вртипоп.“

 

 

 

 

tatko

 

„Татко, срцето

ти беше океан кој

не замрзнува.“

 

 

 

 

Lazaropolski

 

„Лазарополски

воздух струи во гради.

   Друг лек не треба.“

 

 

 

 

ЗА НОВА ИСКРА…

Здружението за мотивација и посреќен, поисполнет и попродуктивен живот на сите луѓе, особено на лицата со физичка и ментална попреченост НОВА ИСКРА Скопје е формирано со цел да се мотивираат луѓето за посреќен, поисполнет и попродуктивен живот. Сите активности (хуманитарни и социјални проекти) на Здружението ќе бидат насочени кон тоа, секој да си ја пронајде својата ИСКРА (животната, професионалната, креативната, борбената, авантуристичката, визионерската, мечтателската и страствената) и обезбедување на интелектуална и морална поддршка, како и извесни услови за реализирање на истата. При остварување на целите на здружението, секако ќе се води сметка за застапување на Социјалниот модел, така што ќе се промовира еднаквост, недискриминација и инклузивност на сите граѓани без оглед на нивната социјална, етничка, национална, верска, политичка или поинаква припадност или попреченост.

Сферите на дејствување на Здружението ги опфаќаат сите категории и облици на современото човекување (здравје, љубов, образование, професионален напредок, планирање и создавање семејство и потомство, квалитетни интерперсонални односи во семејството и општеството, спорт и рекреација, откривање и негување на креативните таленти) како секој човек би се мотивирал за постигнување на врвната потенцијална благосостојба. Цели на Здружението се: 

  • Презентирање, промовирање и заштита на животот и делото на ИСКРА ДОНЕВА како мотивирачка успешна приказна и други активности за успешно завршување на хуманитарната акција за собирање средства за нејзин медицински третман со матични клетки и подобрување на егзистенцијалните услови.

  • Мотивирање на луѓето да ги откријат, надградат и стават во функција своите лични квалитети, образовни и професионални капацитети, креативни и спортски таленти и можности за остварување на нивните највозвишени и најамбициозни цели како би живееле посреќен, поисполнет и попродуктивен живот без оглед на моменталната егзистенцијална состојба во која се наоѓаат.

  • Обука и упатување на луѓето во вештини кои ќе ги мотивираат и ќе им помогнат во надминување на наметнатите ограничувачки фактори и уверувањa и ќе им обезбедат нови видици, начини, техники, инструменти и формули за помудар, посреќен, поисполнет и попродуктивен живот.

  • Мотивирање и промовирање на солидарност и општествена одговорност, доброчинителство, волонтеризам и организирање хуманитарни настани и активности.

 

ЗА ВАШАТА ИСКРА…

Помогнете, разберете, поддржете, купете книга, донирајте…

Во прилог е поканата за Промоцијата на најновите дела на Искра Донева на 10 јуни во Кино Фросина, МКЦ од 20 часот. Поканата е отворена за сите добронамерници. Парите од продажбата на книгите ќе бидат искористени за лекувањето-третманите кои Искра би требало да ги добие во Русија.

[button type=”small” color=”white” link=”https://www.facebook.com/events/144096015776414″ ]ПОКАНА[/button]

 Да бидеме таму, заедно за Искра!

 

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts