Фотографите Елена Фиданска, Ирена Мила и Дејан Бошковски веќе две години работат на проект ”Will You?” Како што кажува и самото име, тема се свадби. Судбоносното ДА! Врзување у крпче, стапнување на лудиот камен итн, итн. Има невести, младоженци, сватови, семејство, пријатели, свирка, јадење, пиење, обичаи, како за свадба нели?

И се е по таман, ама најтаман е фотографијата. Професионално, креативно, уметнички. И наместо да имате заматени слики, дури вие гулапчиња заљубено се гледате додека матичарот ви чита, и да ја имате таа тетката во дреч розовиот фустан со запотени мишки баш на секоја фотографија, и целата ”родбина”, сите најблиски 120 склупчени на една фотографија, вие ќе си имате албум со прекрасни спомени, мигови на среќа и радост фатени во кадар, свадбени фотографии од кои нема да се срамите туку напротив со гордост ќе ги покажувате секаде и секому и сите, баш сите слики ќе може да ги објавите на Фејсбук (нека пукнат душманите 😉 )

Тимот – Елена Фиданска, Ирена Мила и Дејан Бошковски, тимот на “Will You?” е вашиот партнер на свадбата….добро, освен избраникот на вашето срце 🙂

112

111

113

110

114

115

1114

1113

1112

1111

119

118

116

1171

1115

1116

1117

1118

Ви се допаднаа фотографиите нели? Многу повеќе фотографии на ФБ страната Will you? 

Честитаме! И за свадбата и за изборот на фотографите 🙂

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts