Велат дека виното треба да се дооживее со сите сетила. Треба да ги надразни непцата и да ве облее со пријатен мирис. За целосниот впечаток за вкусот и мирисот на виното влијаат неколку фактори, посебно кога се работи за доработката и зрелоста на виното. Секоја сорта вино си има свои карактеристики но, заедничко за сите е тоа што имаат скоро ист начин на добивање на аромите.

Grojze

Ароми што се пренесуваат од грозјето

Овие ароми се добиваат директно од гроздовите и доминираат во вкусот на младото вино, веднаш по флаширањето. Овошните мириси покасно го отстапуваат местото на позрелите мириси.

old wine bottles

Ароми добиени од староста на виното во шише

Новите мирисни структури се развиваат со тек на време. Како виното зрее во шишето со тоа се збогатува вкусот со позрели мириси. Овие ароми доминираат откако виното ќе достигне висок степен на зрелост но, понекогаш  баш тие се виновници што вкусот на виното е тежок. Некои вина не стареат добро, затоа е препорачливо тие да се пијат додека се млади.

Burinja

Ароми од винификација

Производителот на вино може многу да влијае на вкусот и мирисот на виното во зависност од тоа дали виното се чува во челични резервоари, дрвени буриња или пак во мали буренца од дрво (барик). Аромата зависи и од интензитетот на употреба, староста на виното и степенот на тостирање (нагорување на дрвените буриња). Различни ароми од ванила до карамела може да се пренесат на виното. Овие винификациски ароми може да бидат придружни или пак главни носители на мирисот и вкусот на виното.

АромиПДФ-page-0011

 

Сите ароми кои се јавуваат во виното, добри или лоши се претставени и поделени во табелава.

 

 

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts