Процесот на преточување на виното од оригиналното шише, се нарекува декантирање. Декантирањето се врши во специјални садови наречени декантери. Најчесто се декантираат постарите црвени вина, кај кои се создава талог. Со процесот на декантирање исто така се врши и аерација на виното со што се развива  букето и се истакнуваат винските ароми. Поради ова процесот на декантација се врши и на помлади вина.

1. Декантирањето се врши на специјална маса пред гостите од страна на стручно лице-Сомелиер

Dekantiranje-(2)

2. Пред полнењето на декантерот се проверува квалитетот на виното од страна на сомелиерот.

Dekantiranje-(3)

3. Со мала количина вино се навлажува декантерот по што течноста се враќа назад во чашата на сомелиерот.

Dekantiranje-(4)

4. Внимателнио се преточува виното во декантерот, светлоста на свеќата помага во контролата на талогот

Dekantiranje-(5)

5. Следи налевање на виното од декантерот во чашите на гостите, обично по 15 минути.

Dekantiranje-(6)

Декантерите обично се изработуваат од чисто кристално стакло, во разни облици и волумени.

 

decanter4

Сега сте спремни. Наздравје!

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts