Љубители на виното или вистински познавачи? Не е важно во која категорија спаѓате, се додека ги знаете барем основните информации и правила за консумација на вино.

Сервирањето на виното се врши во вински чаши. Во основа постојат 4 типа на вински чаши и тоа за црвено, бело, пенливо и десертно вино. Винската чаша мора да биде од чисто и тенко стакло, без гравури. Висината на дршката е различна и со неа се одредува колку топлина виното ќе превземе од раката. Чашата мора да е со поголем волумен, така на пример, ако во чашата налеваме 150мл вино, нејзиниот волумен треба да е барем 300 мл , за да можеме виното да го вртиме. Процесот на вртење на виното овозможува испарување на аромите од виното а, обликот на чашата е тој што ги задржува во чашата.

Чашите за бело се со облик на лале. Имаат подолга рачка, за да се избегне затоплување на виното. По волумен се помали, затоа што нема потреба од воздух при вртењето на виното.

Page10

 

Чашите за црно вино, исто така имаат облик на лале, но тие се малку позаоблени и со поголем волумен . За постарите вина се користат што поголеми чаши.

Page9

Чашите за десертни вина се мали поради тоа што овие вина се со поголем процент на алкохол и стеснати на врвот за да се зачуваат аромите од виното.Page12

Чашите за пенливи вина се со трубаст облик за да може полесно да се ослободуваат меурчињата од СО2.

Page11

Заклучок од горенаведеното е дека за вистинско уживање во виното потребна е и вистинска чаша! Наздравје!

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts