ВБУ МУЗИЧКИ РЕГИСТАР

Љубовта кон музиката на Васил Буралиев резултираше со создавање на нов сервис наречен ВБУ Музички Регистар, чија основна идеја е да се создаде неформален музички регистар на делата од домашната музичка продукција и информации за музичкото творештво од Македонија, со што соодветно да се забележува, коментира и оценува музиката од Македонија.
Покрај регистарските принципи за колекција, валидација и објавување на дел од техничките податоци за музичките целини, не помалку важен аспект е и критиката на музичките албуми што исто така е фокус на интерес на сервисот.

b5

Што нуди сервисот?

Во основа серисот нуди пребарување и преглед на податоци и информации за музички албуми од Македонија.

Во рамките на страницата со детали за музички албум има линкови до аудио-видео записи за песните/траките од албумот, па така корисникот некои од нив ќе може да ги преслуша.

Покрај деталите за еден музички албум, секој издавач, музички состав/бенд/група и учесник во реалиација на албум има сопствена портфолио страница на која може да се видат соодветни детали за секој од нив.

Сервисот дозволува коментари или споделување информации за секој регистриран музички албуми на социјалните мрежи Facebook и Twitter.

Screenshot 2015-02-05 11.31.30

Секој посетител на вебсајтот може да го оцени секој музички албум.

“Денес  многу често, музиката  ми помага во урамнотежување на емоциите на крајот од напорниот ден. Сакам различни музички жанрови и ми се допаѓаат многу различни музички групи, автори и интерпретатори.  Музиката ја делам на онаа што ми се допаѓа и на онаа што не сакам да ја слушам, веројатно како повеќето музички консументи. Сепак, музиката од  домашната музичка продукција  е во доменот на моето поголемо интересирање години наназад. Лично сметам дека во Македонија постојат музички бендови, автори и  изведувачи што не добиваат соодветен публицитет,несоодветна  промоција и недоволно внимание. Причините за тоа се од различен карактер. Тоа е впрочем и причината  на почетокот на 2013 да решам  дел од сопственото време да го посветам на развој на своевиден  сервис со кој примарно ќе бидат евидентирани музичките албуми од Македонија, а информациите ќе бидат јавно достапни и ќе може да се пребаруваат”, вели авторот.

Целта е да се овозможи сервис преку кој домашната јавност, па и онаа во дијаспората да можат да пребараат и да најдат информации за музичките изданија, но и да ги преслушаат мелодиите/песните што им се допаѓаат.

Она што може да го очекувате од ВБУ Музичкиот регистар е:

-Континуиран развој на сервисот

-Континуирано регистрирање на музичките изданија од Македонија, без жанровски рестрикции

-Инволвирање нов човечки капацитет и отворање нови димензии што ќе овозможат полесно следење на музичкото творештво од Македонија и уживање во преслушување на музикат

Се уште се работи на збогатување на регистарот, а Буралиев вели дека е отворен за конструктивни идеи кои ќе помогнат за поквалитетeн сервис, а сите оние кои имаат какви било идеи кои ќе придонесат кон тоа слободно можат да го контактираат на https://www.facebook.com/vbumr

Screenshot 2015-02-05 11.33.30

 

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts