Деловни простории, канцеларии, работни маси или биро во домашни услови?

Важно е каде работите. И што работите. И дали го сакате она што го работите. И во мал милион фактори кои придонесуваат за сите овие услови да бидат исполнети секако е и начинот и стилот на кој ви е организиран работниот простор, корпоративен или домашен.

Погледнете како тоа го направиле некои поеднинци или корпорации:

ku-xlarge

МНОГУ БОИ И ЛИЧЕН ПЕЧАТ

Работата може да биде многу забавна ако работите во канцеларија која ќе ве инспирира и мотивира. Игра на бои и персонализирање на работниот простор. Shopify имаат баш вакви простории. Cool!

 

 ku-xlarge-1

IKEA СТИЛ. СЕ НА СВОЕ МЕСТО

Кога купувате мебел, независно од кој произведувач, секогаш внимавајте на можностите за прилагодување. Парчиња купени од разни места може да комбинирате да одговараат на вашите потреби. Икеа е симбол за организирано, лесно прилагодливо и функционално , па оттаму и името на овој стил.

 

ku-xlarge-2

MacBook Air РАБОТНО КАТЧЕ

Работните простори се честопати оптеретени со кабли, многу монитори и разно-разни гаџети. За едноставно организирање и чиста работна површина MacBook Air катчето би бил идеален избор. Убаво дизајниран држач, Bluetooth глувче и тастатура и спремни сте за работа!

 

 

 

ku-xlarge-3

СОН НА СЕКОЈ ДИЗАЈНЕР

Дизајнерите се посебно чуствителни на својот работен простор. Им треба се и тоа веднаш! Еве пример како и покрај скапоцената техничка опрема која би му била потребна на секој дизајнер и убавото елегантно биро, сепак има простор и за лични предмети без притоа да се ”задуши” работната површина.

 

ku-xlarge-5

 РАБОТНО…АМА, ДОМА

Ако работите од дома, не значи дека треба да го виткате грбот над лаптоп-от склупчени во некое ќоше од креветот. И не секојпат имате можност да одвоите посебна соба за своја домашна канцеларија. Затоа, направете компромис. Одредете си убаво осветлено место во некоја тивка соба (обично тоа е спалната, но не препорачуваме), наместете едноставно биро и убаво ергономско столче. Збогатете го околниот простор со полици за книги и интересни слики/фотографии/постери. Одредување на ваков простор не  само што ќе ја зголеми вашата продуктивност туку ќе имате чуство дека работите во ”вистинска” канцеларија.

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts