Timberland, веќе неколку сезони, се најпопуларните чизмички, кои освен што се cool, удобни се и практични. Овие тренди обувки, кои ги има во разни бои и модели, можете да ги комбинирате на многу начини и да ги носите во разни пригоди.

 

1. За секојдневно трчкање на школо или факултет
Мини здолништата или хеланките супер ќе изгледаат со темно-кафениот модел на Timberland со полна пета. Оваа сезона супермодерни се кожните сукњички во комбинација со топол џемпер а, студентскиот изглед можете да го дополните со beanie капче и неутрална шминка.
Не заборавајте ни на нотесот со шарена корица и шеговит натпис.

tim-sk
 
 
 
 
 

2. За романтичен состанок со дечкото
Дечковците сакаат кога девојките, за облека за состанок, одбираат casual но, сепак женствен стил. Фрлете ги штиклите и тесните фустанчиња и одберете удобна памучна маица во комбинација со класична сукња над колена и чизмички во боја на лаванда (светло виолетови).
Јакна, симпатично капче, дечкото под рака и на прошетка во парк. За секој случај, ставете двоен слој маскара за заводнички поглед-сепак сте на состанок со љубениот!

tim-dr

 

 

3. Фино и опуштено со другарките 
За дружење со другарките, чизмичките Timberland се најдобар избор. И тоа, оние, класичните-жолти! Маичка со принт, фармерки или сукњичка, задолжително шеширче и ”штреберски” наочари. Секако, на другарките, пофали им се со новиот светкав маникир.

tim-ki

 

 

4. Со Timberland чизмички и на работа
Стилот на облекување за работа не мора секогаш да биде строг и досаден. Монотонијата разбијте ја со парчиња облека во суперпопуларен тартан дизајн, големи машни, лажна кожа и интересни обувки. Топлите Timberland чизмичките со полна пета ќе штитат од студот а, заради нивната висина, ќе добиете поиздолжени нозе и витка линија која ќе ја истакнете со тесни пантолони и здолништа со шлиц. Интересна ташна и впечатлив часовник се детали кои ќе го зачинат овој изглед. За да го покриете црвенилото од студот, на образите нанесете тенок слој камена пудра.

tim-ra

 

 

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts