Втор роденден на независниот театар Theatra

 Независниот театар Theatra на 27 април 2013 година ќе прослави две години од своето основање. Театарот во изминатите две години продуцираше завиден број на претстави и проекти, почнувајќи со претставите „Мизантроп“, „Звукот на коските што се кршат“, „Хауситери“, воведе свежина во радио етерот со радио драмите „Пеперутка“ и „Случајно“ а претстави и нова форма на театарски израз преку трансмедијалното доживување „Привид“, што го издвојува како еден од ретките независни театри со своја континуирана продукција.

 65106_570226816343450_72575832_n

Роденденската прослава ќе се одржи во кафулето „Дамар“ во старата турска чаршија, со почеток во 21ч.Тимот на Theatra најавува невообичаен перформанс, претставување на нови проекти, изненадувања за сите посетители и секако, многу забава. Со присуството на настанот и нарачка од специјалното роденденско мени имате можност да го дадете и својот личен придонес за развојот на Theatra.

 23896_570631982969600_1935096195_n

Прославете за независниот театар со Theatra!

Повеќе информации за настанот тука

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts