Научниците го лансираа првиот ”вселенски” седан. И да, електричен е.

Elon-Musk-in-2012-Tesla-Model-S

Elon Musk (роден на 28 Јуни 1971) е американски бизнисмен со јужно-африканско потекло. Основач е на SpaceX и ко-основач на Tesla Motors и PayPal (првично X.com). Во моментот е Извршен директор и Главен дизајнер на SpaceX, Извршен директор и Производен дизајнер во Tesla Motors и Претседател на Управниот одбор на SolarCity. Musk има дипломирано Бизнис на The Wharton School и Физика на University of Pennsylvania, School of Arts and Sciences.

Прекрасен, одлично изработен, современ и навистина брз, Model S не е само еден од најзабележителните автомобили на годината. Тој е најзначајниот автомобил воопшто произведен во Америка.

2012-Tesla-Model-S-rear-three-quarter-1

 

Стандардната верзија на Model S е опремена со се што ви треба за да го вклучите возилото во наједноставен 240V приклучок или стандарден 120V ѕиден приклучок. Со употреба на високо-амперен 240-волтен приклучок Model S се полни еден час за да се поминат 100км. Педесет процентно полнење за 30 минути може да се постигне со  Tesla Supercharger.

Ако ги прашате сопствениците на Tesla колку време е потребно за возилото да се наполни, ќе ви одговорат – за неколку минути. Како што ги полнат мобилните телефони, така ги полнат и возилата – преку вечер. Наутро, батеријата е целосно полна. Полнењето може да се персонализира и да се закаже полнење кога електричната енергија е на евтина тарифа.

 

2012-Tesla-Model-S-rear-three-quarter-2

 

Model S ги поместува границите за поминато растојание на возила со електрично полнење. Во понуда се три засебни батерии. Сите три батерии се наоѓаат во една кутија , вградена во возилото за да дозволи структурна и аеродинамична предност. Батериите се со автомобилски lithium-ion ќелии и распоредени така да овозможуваат оптимална енергетска и термална ефикасност  и безбедност.

2012-Tesla-Model-S-front-three-quarter-3

 

Tesla моторот е вграден директно позади задната осовина. Кутијата со батериите се наоѓа во подвозјето. При тестирање на возилото дознаваме дека 85-kWh батерија праќа 310 kW (416 hp) во моторот и се достигнува брзина од 100 km/h за 4.4 секунди.

Претставениот модел чини 92.400$.

 

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts