Тим на архитекти од Студио Tengbom дизајнираше стан за студенти што е прифатлив, еколошки подобен и функционален во однос на дизајнот и изборот на материјали. Проектот е реализиран во соработка со производителот на мебел од дрво Martinsons и компанијата за недвижен имот AF Bostäder .

Како да се задоволат потребите на студентите за одржливост и функционалност на ценовно прифатлив начин беа клучните прашања кога Tengbom во соработка со студентите на Универзитетот во Лунд се зафатија со дизајнирање на студентски стан од само 10 квадратни метри. Реализираниот проект сега е изложен во Virserum музејот на уметноста . Во 2014 година, 22 единици ќе бидат изградени и подготвени за студентите да се преселат во нив.

Успешно да се изгради достапен студентски стан бара иновативни размислувања и нови решенија. Површината во секоја станбена единица во согласност со законите е намалена, од сегашниот услов – 25м², на 10м².  Во понуда е навистина компактно место на живеење кое нуди удобно спиење на мансарда, кујна, купатило и мала градина. Со ефикасен распоред на деловите во просторот и употребата на комбинацијата од ламинат и дрво како градежен материјал, киријата е намалена за 50 % а, еколошките стандарди за кренати на повисоко ниво. 

Енергетската ефикасност е клучно прашање при дизајнирање на нови градби. Изборот на вистинскиот материјал и начинот на производство се од витално значење за да се минимизира емисијата на јаглерод и затоа дрвото беше избрано како обновлив ресурс кој може да биде снабден локално и со тоа да се намалат трошоците за транспорт кои пак, влијаат на севкупните трошоци за градба. Монтажа техника која дозволува градба на лице место е применета за да се намали времето за градење.

Па, студенти, како ви се допаѓа ова решение?

  

svst1
svst2
svst3
svst4
svst5
svst6
svst7
svst8

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts