Ваков телефон, онаков телефон… Па овој имал волку пиксели, та оној имал онаков зум.

За да направите супер зум на вашиот телефон (ако го немате, зумот мислиме) потребно е само старо ласерче и шнола (онаква за во коса). Следете ја постапката преку фотографиите и voila! имате зум…супер зум!

 

Чекор 1: Извадете ја леќата од старото ласерче l1

 

Чекор 2: Еве што ќе ви остане после вадење на леќата l2

 

Чекор 3: Еве ја и леќата, веќе извадена l3

 

Чекор 4: Спојте ги леќата и шнолата во цврста ”прегратка” l4

 

Чекор 5: Така прегрнати и споени (леќата и шнолата) залепете ги на телефонот онаму каде што е отворчето за камерата или постручно блендатаl5

 

Чекор 6: Ова не е чекор, туку финиш: Сликајте нешто! Та, нели зум имате 🙂 l6

 

Чекор 7: Браво, сега пофалете се со супер зумираната фотка l7

 

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts