Главна одлика на дизајнот и планирањето на овој прекрасен дом на италијанското семејство во Тренто се структурата, енергетската ефикасност и просторното решение.
Носечката челична конструкција е целосно независна од постоечката единица и преку лакот, првиот кат е поврзан со таванот со што се овозможува приземјето да нема греди.
Надворешните ѕидови се направени од дрво со панелна изолација од дрвни влакна. Целата куќа користи високо ефикасни вентилација. Подовите се користат и за греење и за ладење. Соларните панели обезбедуваат топла вода и напојуваат дел од електичниот систем. Во изградбата се користени материјали кои се карактеристични за ова поднебје а, иако куќата е изградена да одговара на едно современо семејство кое користи многу од техничко-технолошките придобивки на современото доба, сепак многу се внимавало на енергетската ефикасност и употребата на природните материјали. Куќата се наоѓа во рурална средина и затоа надворешоста е дизајнирана така да таа комплетно се вклопи во постоечкиот амбиент.

k0

k3

k5

k45

k55

k2

k4

k6

k9

k10

k11

k12

k13

k22

k31

k32

k43

k54

k65

Архитекти: Burnazzi Feltrin Architects
Локација: Pergine Valsugana, Trento, Italy
Дизајнерски тим: Burnazzi Feltrin Architects (Burnazzi Elisa arch., Feltrin Davide arch.) и Pegoretti Paolo arch.
Површина: 430 m²

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts