Дали луѓето се заинтересирани да читаат магазин кој се фокусира на позитивното?

Дали се оптимисти?

Како стоиме денес? Индустриското производство ги омаловажува луѓето со прекувремена работа, сиромаштија и духовен пад. Перспективата опаѓа а, популација и потрошувачката на планетата се зголемуваат во огромни размери. Највознемирувачки од се е можеби недостатокот на лидерската позиција на оние кои се на чело на моќните институции – медиуми, влада, религија, бизнис и образование. Креативноста се крие во сите сегменти на општеството. Секаде. Во секого. Во се.

Почнете од бројот еден. Од себе. Читајте, информирајте се.

Ние можеби не сме оптимисти но, затоа сме полни со надеж. Креативниот одговор можеби се наоѓа и во потребата да се создаде семе за ново доба, ДНК за нови цивилизации.

Па, да почнеме.

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts