Рајнскиот  ризлинг е многу стара  винска сорта која потекнува од Германија од долината на Рајна. Се одгледува масовно низ цела Европа. Се одгледува на плодни,средно плодни почви. Не поднесува почви со голема влажност. Осетлива е на сува. А поради доцното развивање отпорна е на пролетни мразеви .

Гроздот кај оваа сорта е мал,со валчеста форма и доста збиен, просечната големина е од 100-150 грама. Оваа сорта обезбедува висок рандман на шира и вино, при што ширата содржи од 180-220 g/l шеќер со вкупни киселини од 7-8 g/l. Рајнскиот ризлинг обезбедува база за производство на суви,полусуви и десертни вина со врвен квалитет. Вината произведени од оваа сорта се карактеризираат со фин мирис,хармоничност и сортна арома, која доаѓа до израз по неколку годишно зреење на виното.

riesling_grapes_leaves

Во германија од каде што потекнува сортава ,во зависност од степенот на зрелост и времето на берба, се произведуваат разни вина и тие имаа свои предикати.

kabinet-прв степен во рамките на квалитетните вина со географско потекло

spatlese-доцна берба, кога шеќерноста на плодот е над 190g/l

auslese-изборна берба на најзрелите гроздови.

berenauslese-берба на зрна паднати од благородното гниење.

trokenberenauslese-берба на потсушени зрна нападнати од благородно гниење.

Wine4

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts