Paper Memories (Сеќавања на хартија) е прекрасен, емотивен краток филм на филмскиот режисер од Барселона – Тео Пуцу.

За изработка на овој филм без дијалози, Тео употреби преку 4000 фотографии. Овој филм е сведоштво за моќта на сликите и уметноста како дел од една прекрасна нарација за приказна од животот.

Главниот лик е неименуван постар маж кој наоѓа кутија со стари фотографии и писма. Емоциите и сеќавањата навираат, како и желбата да биде повторно со својата љубена.

Трогателна, емотивна приказна за љубовта и загубата во 7 минути. Погледнете:

 

PAPER MEMORIES from Theo Putzu on Vimeo.

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts