Поп Арт е уметност на поп(уларната) култура. Ова визуелно движење се создаде како одговор на повоениот оптимизам и конзумеризам во 1950-тите и 1960-тите. Се совпадна со глобализацијата на поп музиката и културата на младите, персонифицирана преку Елвис и Битлси.

Овој уметнички правец  или поточно-движење е брз, младешки и забавен и со презир гледа кон стандардната уметност. Вклучува разни стилови на сликање и вајарство, уметници од различни земји кои сепак имаат многу заеднички работи како мас-медија, масовна продукција и култура.

Терминот ПОП за прв пат го спомнува британскиот критичар на уметност Лоренс Аловеј во 1954, за да опише нов тип на уметност инспириран од приказите на поп(уларната) култура.

Најзначајни претставници на Поп Арт се  ROY LICHTENSTEIN, EDUARDO PAOLOZZI, RICHARD HAMILTON, JASPER JOHNS, ANDY WARHOL…

Во новата генерација на поп-арт уметници спаѓа и Grégoire GUILLEMIN.
Еве дел од неговите дела:

pop16

pop15

pop13

pop12

pop11

pop9

pop19

pop6

pop22

pop17

pop5

pop4

pop3

pop2

pop1

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts