Се чудите на насловот нели? 🙂

Ама, пак, како да ја објасниме потребата за формирање на модел на совршено човечко суштество? И како знаеме дека тоа суштество е совршено? Така налага општеството, природата или нешто друго?

Постои ли такво нешто? Оу јес! Неговото Височество ФОТОШОП! Длабок наклон!

Фотошоп не е само една од алатките, Фотошоп понекогаш е и единствената. Нема брчки, флеки, точки, влакна, подбрадоци, клемпави уши, мрсна коса, тап поглед. А, облини? Колку сакаш и каде сакаш…ради, задник, коса, усни. Ама, каде треба таму се тенчи струкче, вратче, ноџе…

Така и најпросечната ”убавица” фино ”изнафотошопирана” станува изнарокококирана тумбифафа!

Да не се чудите потоа, кога маж бара баш оваква убавица, жена бара совршени мускули кај мажот, тинејџерите споулавуваат по мазниот тен на оние ”натпросечните”.

Да ви кажеме дека убавината е минлива? Си знаете. За се останато тука е Фотошоп. Секоја чест на оние природно убавите. Оние кои НИКОГАШ немаат потреба од алатката. Има такви? 🙂

Еве ги смртниците пред и после ”интервенција”:

p1
p2
p3
p4
p5
p6
p7
p9
p10
p11
p12
p13
p15
p16
p18
p20
p44

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts