Гледам некои слики. Се прашувам од каде доаѓаат, како ли само на авторот му дошла ваква идеја? Што ли му се врткало низ ум? Од каде почнал? Верувам дека и самите автори не би знаеле да одговорат на овие прашања.

Внук ми кога имаше 6 години си го крсти мачето Хучко, кога го прашав од каде му текна за името, ми рече – Не знам, така ми дојде.

Погледнете ја сликата на Шагал. Нема правила, не важат основните принципи на перспективата, анатомијата, па дури ни на гравитацијата. Луѓето не можат туку така да лебдат, освен ако не се заљубени…лесно, бестежински, топло, без тло под нозете. И светот е превртен наопаку, телата на вљубените како вретено околу усните очекуваат бакнеж. А, светот надвор празен, темен, ладен.

275.49

Во светот на сликата на Аршил Горки нема излез – од овој свет не се бега, вознемирувачки е и многу е непријатен. Нема воздух, нема одмор, нема ништо што ве чека надвор.

88.1950

Визуелизацијата и визуелната перцепција ги користат истите нервни мрежи. Со стимулација на кортексот создаваме слика за сликата базирана на претходното искуство. Имагинацијата пак ги користи истите патишта но, во обратен правец.

Се што треба да знаеме за љубовта и болката се наоѓа во сликите на Шагал и Горки. Чуството што го предизвикуваат сликите  е само евоцирање и препознавање на нам од претходно познатите форми, бои и облици.  Не е магија. И иако можеме да ги лоцираме патеките по кои патува информацијата до и низ мозокот, начинот и поводот за создавање нов визуелен јазик сеуште останува мистерија.

За потребите на написот користени се фотографии од уметничките дела:
Marc Chagall, Golgotha
Marc Chagall, Birthday
Arshile Gorky, Agony

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts