Жителите на норвешкиот град Рјукан во областа Телемарк, за прв пат во ова време од годината, ќе добијат директна сончева светлина и тоа благодарение на технологијата која за прв пат беше предложена пред 100 години.

Звучи неверојатно но, вистина е. Градчето Рјукан е сместено во сликовита долина, опколена со високи ридови што значи дека половина година, од септември до март, нема директна сончева светлина. Единствен начин да го осетат сонцето, на жителите им го овозможува наменски изградената жичара, 0д 1928 година, со која може да се качат до врвот на планината и така да уживаат во сончевата топлина.

ns-n-4

Оваа зима, за прв пат, ќе ги почуствуваат сончевите зраци, затоа што на околниот рид на висина од 450 метри, беа поставени огромни огледала кои ќе ја рефлектираат светлината директно кон градчето. Овие џиновски огледала, наречени хелиостати, имаат вграден, комјутерски мониториран, механизам со кој ќе го следат движењето на сонцето во текот на денот и ќе го вперуваат зракот на градскиот плоштад. Огледалата автоматски ќе се чистат и напојуваат со енергија повторно благодарение на сончевите зраци, преку соларните панели поставени во непосредна близина на системот од огледала.

ns-n-1
ns-n-2

Ова не е прв пат да се примени ваков начин за добивање на сончеви зраци и топлина. Имено, во 2006 година вакви огледала беа поставени и во градчето Виганела во северна Италија.

ns-n-5

Животот во сенка е депресивен и влијае на извршувањето на секојдневните обврски и работните задачи, па нормално е дека жителите се пресреќни и се надеваат дека на овој начин ќе им се смени расположението на сите и градот ќе живне и во текот на зимските месеци.

ns-n-3

 

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts