Сте се запрашале ли што сè се крие во огромното пространство на вселената? И колку тоа е мала нашата планета Земја? Низ овие фотографии ќе се потрудиме да ја задоволиме вашата љубопитност. Притоа и нешто корисно ќе дознаете и ќе научите. Сепак, не постоиме само ние во вселената. Таа е дом на многу нешта. Неверојатни нешта!

Резервоар со вода
Овој облак со H2O во гасовита состојба се наоѓа во близина на црна дупка на оддалеченост од 12 билиони светлосни години од Земјата. Содржи 140 трилиони пати повеќе вода од вкупната водена површина на Земјата.

1

Планетата Дијамант
55 Cancri е планета целосно направена од дијаманти. Некој спомна непроценливо богатство? Е ова е тоа!

2

Планетата на Мраз во пламен
Иако температурата на Gliese 436 b е 439 °С, воденикавата површина не испарува. Молекулите формираат некој вид на ”врел мраз”

3

Созвездието Sagittarius
Се состои од етил формат (етил метаноат). Тоа е истиот оној гас кој им ја дава бојата на малините и мирисот на румот. Ако се прашувавте како мириса центарот на нашата галаксија, еве, сега знаете!

4

Castor Системот
Со шест ѕвезди кои орбитираат околу оваа маса, овој систем е 54 пати посветол од нашето Сонце.

5

Gliese 581 c
Ви текнува на планетата со врел мраз? Е, во нејзина близина се наоѓа оваа планета, која според научниците, е потенцијален кандидат за идна колонизација. Планетата не се врти, па така, светлата страна е пеколно жешка а, темната страна е смрзнувачки ладна. Но, некаде помеѓу овие две страни има територија со умерени услови за живот. Кој знае, баш таму може да е идниот дом на нашите поколенија.

6

Хипер-брзи  Sвезди
Да, таму некаде навистина постојат ѕвезди кои јурат низ вселената со бризина од трилиони миљи на час.

7

Огромно количество на електрична енергија
Шикајќи од блиската црна дупка, оваа струја е преку 1.5 пати поголема од Млечниот Пат.

8

Облакот Himiko
Ова е најверојатно најголемиот објект во досега познатиот универзум. Објектот (облакот) е колку половина од површината на Млечниот Пат

9

Големата Група на Квазари
Иако Химики е голема, ГГК е поголема. Колку? 40 илјади пати поголема од нашата галаксија. Стандардните закони на физиката во многу случаи овде не важат.

10

Мики Маус
Да, тоа е ова што е издлабено на дел од површината на Меркур.

13

Ладната Sвезда
Обично, ѕвездите се екстремно топли. Но, не и оваа. Од неодамна, откриена е ѕвезда со температува од само 31°С.

Sвездата поголема од Сонцето
Ако мислевте дека Сонцето е големо, погледнете што се крие во вселената. Sвездата VY Canis Majoris е 1.500 пати поголема од нашето сонце.

15

Столбовите на Создавањето
Ова се всушност јаслите на ѕвездите. Милиони светлосни години по должинаи ширина. Најмногу по должина.

17

Магнетари
Се вртат без контрола и со нивното магнетно поле можат да уништат кредитна картичка на растојание од милион миљи.

18

 

Црната Дупка
Ништо не може да помине преку хоризонтот или гравитациската граница на Црната Дупка. Ниту светлина, ниту материја…ништо! 

24

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts