Ако имате проблеми со мрсната кожа или со акните (иако пубертетските денови се одамна поминати), пробајте да смените нешто во начинот на исхраната.

Тоа нешто е употребата на млеко. Наместо млеко и млечни производи од животинско потекло, употребувајте соино млеко, млеко од лешници, бадеми или ориз и тофу. 

Зошто? Иако со векови се сметало дека млекото е одлично за здрава кожа, новите истражувања покажуваат дека кај жените, млекото често предизвикува пораст на хормонот тестостерон а, со тоа и проблемите со кожата.

Заради пораст на тестостеронот кожата дополнително се замастува и се создаваат акни па, би било добро ако во текот на неколку  недели, целосно го исфрлите млекото од прехраната.

mleko zamena

Ако пак, не можете во целосно да се откажете од млекото и ако не можете да го пиете кафето без млеко, направете ја барем промената. На пазарот се нудат одлични замени за млеко и млечни производи од животинско потекло. Кожата ќе ви биде благодарна, здравјето подобрено а, и естетскиот резултат е неминовен.

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts