Секој родител му се радува на своето новороденче. Секој сака да има фотографија од првите денови на своето дете. Но, неуморното чкрапање со камерата не секогаш носи добри резултати. За таа цел, многу родители ја ангажираа фотографката Алиша Гоулд. Таа пак, направи колекција од неколку фотографии од овие мали, скапоцени субјекти.

Бебенцате се новороденчиња, некои стари едвај неколку дена а, некои две недели. 

Алиша вели дека искуството да се фотографираат бебињата било непроценливо но, и многу исцрпувачко, земајќи во обзир дека секој родител заштитнички се однесува кон своето чедо и треба многу да се внимава како се држат и како да се наместат бебињата во соодветна поза. А, и паузите меѓу снимањата биле долги, затоа што ”моделите” требало често да се хранат и да им се менуваат пелените.

Наградата е сепак заслужена. Прекрасни фотографии и задоволни родители. 

Нека ви ги стоплат и вам срцата. Ви ги претставуваме убедливо најслатките модели на светот:

b1
b2
b3
b4
b5
b6
b7
b8
b9
b10
b11
b12

 

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts