1.Ноември. Време е. Илјадници мажи ќе се избричат и потоа цел месец т.е. во следните 30 дена ќе ги растат мустаќите.

Зошто? Оригиналната идеја беше да се мотивираат мажите да пуштаат мустаќи како моден детал. Потоа во 2004 година Фондацијата Movember (Моември) започна со хуманитарни акции во Австралија и Нов Зеланд за подигање на свесноста за болестите како ракот на специфичните органи кај мажите. Веќе во 2007 пораката стаса до Велика Британија, САД и пошироко и со тоа оваа кампања стана најпрепознатлива во календарот на добротворни настани.

Минатата година се собраа преку 120 милиони евра со кои се помогнаа многу хуманитарни здруженија за испитување и лекување на ракот на тестиси и простата.

Со чинот на пуштање на мустаќите но, и со донирање на средства и директна помош, мажите ја даваат својата поддршка за естетиката и најбитно, за здравјето на машката популација. Дали сте и вие еден од нив? 

Да ве потсетиме на некои од најпознатите ”мустаќлии”:

 

mo3ЧАРЛИ ЧАПЛИН: Малите мустаќи на големиот човек

mo-1ДЕЈВИД СУШЕТ: Негата на мустаќите на Поаро во сред истрага за убиство

mo4САЛВАДОР ДАЛИ: Кој е најпознатиот мустаќлија? Според анкетата од 2011 баш тој

mo2КЛАРК ГЕЈБЛ: Џентлмен од стар ков и беспрекорен мустаќ

mo7ХИТЛЕР и СТАЛИН: Најомразените мустаќлии во поновата историја

mo9ФРЕДИ МЕРКЈУРИ: Кога ќе помислите на мустаќи, не можете да не помислите на еден од најголемите светски музичари

mo8РЕКОРДЕРИ: Германците се една од нациите со најголем процент на мустаќи по жител во северната земјина полутопка. И по необичност!

mo6КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО: Мажите во Индија имаат изградено култ кон мустаќите. Ова е еден од претставниците со најдолг брк. Дури 41 метар!

 

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts