Лето е и се намножија свадбите. Нека им е со среќа на младенците а, вам со изборот на облека и модни додатоци.

Облеката за свадба, ако сте гостинка или кума или старосватица, прилагодете ја на временските услови и секако на длабочината на џебот. Бидете внимателни со изборот на накит, ташна и обувки. Летото нуди голем избор на бои, но потрудете се боите да бидат посмирени а, матереријалите од кои е изработена облеката нека бидат природни и лесни но, внимавајте да не се гужваат. При изборот на обувките одберете удобност пред се, стапалата ќе ви бидат благодарни по толку танцување. 

И никако не носете бело, сепак таа боја е резервирана за невестата.

Разгледајте ги нашите предлози, ќе се најде нешто и за вас секако!

врело и смело
дама во розево
жолто со стил
класика во црвено
мраз и злато
принт и кадифе
цветно и плисирано
ретро шик
бохо стил 

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts