ОК. Ги имате прочитано книгите (или тоа наскоро ќе го сторите) но, дали знаевте за овие интересни податоци? Прочитајте, запаметете и искористете ги во неврзан муабет. Така ем, ќе бидете начитани ем, забавни во друштво.

  1. Оригиналниот наслов на ФАРЕНХАЈТ 451 бил Пожарникарот. Реј Бредбери сметал дека насловот е здодевен, па заедно со својот издавач се јавил во локалната пожарникарска станица и прашал на која температура хартијата почнува да гори. Пожарникарот за да го провери тој податок запалил книга и ја измерил температурата. Останатото е историја.

  2. Со преку 500 милиони продадени примероци ДОН КИХОТ е најпродаван роман на сите времиња. Но, БИБЛИЈАТА е сепак најпродавана КНИГА на сите времиња.

  3. Првичната идеја на Едгар Алан По била папагал да го повторува зборот nevermore. Бидејќи папагалот никако не можел да го поистовети со меланхоличниот тон во поемата, По се одлучил тоа да биде ГАВРАНОТ. Мудро.

  4. Олимпија Прес е првата издавачка куќа која се нафатила да ја објави ЛОЛИТА. Романот на Владимир Набоков во 1955 год. бил толку контроверзен што било навистина тешко да се најде издавач, та дури откако во 1958 год. романот станал хит, Патнам од САД се решиле да ја печатат.

  5. Кучето на Џон Стајнбек го изело оригиналниот ракопис на ГЛУВЦИ И ЛУЃЕ. Тоби, малото кученце на авторот, откако останало само дома се заиграло со расфрланите страници од ракописот и целосно ги уништило. Стајнбек бил бесен но, изјавил – Моето куче е мојот најревносен критичар.

  6. Габриел Гарсија Маркез не дозволува екранизација на СТО ГОДИНИ САМОТИЈА. Ова е малку чудно затоа што од повеќето негови дела веќе се направени филмови. Прашан, што е причината за оваа одлука тој рекол – Филмаџиите ќе ангажираат некој актер како Роберт Редфорд а, да бидеме искрени, ретко кој од нас има роднини што личат на Роберт Редфорд.

  7. ДА СЕ УБИЕ ПТИЦАТА ШТО СЕ ПОТСМЕВА е единствениот роман на Харпер Ли. Единствениот. Харпер Ли е добитник е на Пулицеровата Награда а, романот 88 недели беше на листата на најпродавани книги. Писателката денес живее во Монровил, Алабама и наводно работи на своите мемоари.

  8. Првото издание на ЧАРЛИ И ФАБРИКАТА ЗА ЧОКОЛАДИ објавено во 1964 е прилично расистичко. На пример, Умпа-Лумпите се опишани како црни пигмеи од најоддалеченото и најтемно место во африканската џунгла, место на кое белец нема стапнато а, Чарли е малото црно дете.

  9. Името на една од песните на деби албумот Boy на U2 е позајмено од насловот на седмото поглавје од книгата ГОСПОДАРОТ НА МУВИТЕ. Се работи за Сенки и Високи Дрвја.

  10. Чудовиштето во ФРАНКЕНШТАЈН на Мери Шели нема име. Повеќето од нас мислат дека чудовиштето во романот се вика Франкенштајн, но вистината е дека тоа никогаш не е ословено по име. Во една пригода самата авторка, при читање на книгата, го именувала како Адам, алудирајќи на битието од Едемската Градина.

  11. Главниот лик во научно-фантастичната трилогија на Ц.С.Луис е создаден по ликот на неговиот пријател, писателот Џ.Р.Р.Толкин. Подоцна Толкин ќе го напише ХОБИТОТ.

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts