Опуштено во лето…ДА! Но, сепак ако се работи за некоја свеченост обидете се да направите некоја модерна фризура. Актуелен за ова лето е трендот на собрана коса. Неколку варијанти, од строго до лабаво, инспирации од истокот или пак од 60-тите.

летни свечени фризури

 

neuredna pundza
Неуредна но, само навидум!
Косата исплетете ја во неколку тенки плетенки и прицврстете ги на тилот со шнолички.

 

kosnica za pceli
Модерна ”кошница за пчели од 60-тите”
Натапираната коса кренете ја високо и прицврстете ја на една страна.
Шишките исфенирајте ги и тргнете ги зад уво.

 

labavo
Лабаво!
Зачешлајте ја косата наназад и лабаво врзете ја на една страна.

 

istok frizura2
Истокот како инспирација.
Исфенираната коса соберете ја на темето.
Поделете ја на неколку прамени и сите прицврстете ги во неправилна форма.

 

Се надеваме дека со нашите предлози ви дадовме некоја идеа како да направите летна свечена фризура. А, за да бидете комплетирани прочитајте и за нашите предлози за летна свечена гардероба [button type=”small” color=”black” rounded=”1″ link=”http://extrapoint.mk/me-kanat-na-svadba/” ]Ме канат на свадба![/button]

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts