Џумбирот е тропска трска, расте до метар во височина, формира меснаст корен долг до 20 сантиметри. Коренот е многу ароматичен и потсетува на лимон, а вкусот е слаткасто-лут.

Ова растение најмногу се одгледува во југозападна Азија, Индија и други земји каде има тропска клима.

mp0121

Од билката се употребува само коренот. Во него се содржани етерично масло, смоласти материи, како и микроелементи кои варираат во зависност од потеклото на џумбирот.

Џумбирот пред се се користи како зачинска билка, за колачи ,за пијалоци. Но,  сепак џумбирот има и антисептичко дејство и го смирува кашлањето, па поради ова се користи зимно време како топол напиток при настинки. Поради лутината, џумбирот ја стимулира циркулација, го забрзува метаболизмот, ја стимулира работата на црниот дроб, па поради овие својства се користи за чистење на целокупниот организам т.е при диети.

imb

Чај од џумбир: Една лажичка џумбир во прав се раствора во половина литар врела вода, и од него се пие неколку пати дневно (3-4) . Џумбиров прав со мед е најпознатиот домашен лек против кашлица. Поради лутината се прават и облоги од џумбир при ревматски болки.       

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts