Целерот (Apium graveolens) е градинарска билк, но се наоѓа и во природата.Расте скоро насекаде во Европа. Целерот е двогодишна билка и расте од 40 до 80 сантиметри во височина. Листовите се темнозелени, а формира и голем корен.

Од Целерот се у потребуваат коренот, семето и листовите.

14596

Во хемискиот состав на Целерот влегуваат големи количини на калиумови и натриумови соли, витамини (А,В,С,Е), етерични масла. Во коренот има етерично масло, тирозин, аспарагин, холин и многу други соединенија.

За Целерот се знае дека ја подобрува размената на материи во организмот, т.е ја подобрува циркулацијата на крвта и истата ја појачува. Се користи за лечење на астма, болести на нервите, болести на уринарните трактови, за подобрување на апетит, јачење на желудникот.

Apium

Начин на употреба. Коренот на Целер се користи за салати, варива или како зачин за супа. Листовите кои исто така се доста ароматни се користат како зачин. Се приготвува и чај од целер, во литар вода се ставаат 40грама листови од целер на неколку минути, се чува поклопено додека се олади. Потоа се цеди и пие неколку пати на ден, неколку недели. Против бубрежни болки се пие сок свежи листови од целер.

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts