Босилок (Ocimum basilicum) е едногодишна билка. Расте во височина од 30 до 40 сантиметри . Листовите имаат овална форма, цветовите се бели, црвенкасти или жолтеникави во класови на врвот на билката. Босилокот цвета преку цело лето. Целата билка има многу пријатен мирис, затоа и се користи и како зачин.

Босилокот се одгледува како градинарска билка, на сончеви места во хумусна почва. Босилокот е посебно осетлив на ниски температури и не поднесува ладна вода за полевање.

bosiljak

Хемискиот состав на босилокот содржи етерично масло,танини, гликозиди, сапунини, аскорбинска киселина. Етеричното масло содржи еугенол, цинеол,  метилхавикол,камфор а, во семето има каротин, рутин и триглицериди.

Се применува за лечење на стомачни проблеми и грчеви, кашлање, астма, болести на уринарниот тракт. Се користи за смирување на нервите, за несоница и несвестица. Исто така се верува дека има и афродизијачко дејство.

Ocimum_sp_Blanco2.257-original

Начина на употреба:

Како чај се користи на тој начин што една лажичка суви листови се преливаат со 200 милилитри зовриена вода. Отстојува 10 минути по што се конзумира. Може да се пијат по неколку чаја дневно. Босилок во бело вино помага за тврда столица.

Се употребува свеж како зачин. Наша препорака би била да го употребите босилокот при подготовка на Салата Капрезе и Песто.

САЛАТА КАПРЕЗЕ
САЛАТА КАПРЕЗЕ
ПЕСТО
ПЕСТО

 

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts