Ако ве боли мешето,  напијте се една струмичка Мастика….Анасон!

Анасонот (Pimpinella anisum) е едногодишна билка, која расте во висина од 50 до 100 сантиметри. Стеблото на анасонот е разгрането и шупливо, покриено со мали влакненца. Долните листови се округли а, горните тројно разделени. Цветот е како штит составен од многу мали цветчиња. Плодовите каде што се наоѓаат драгоцените семки се со крушкаст облик и со ситни влакненца.

PimpinellaAnisum

Расте во природата на сончеви падини, а се одгледува и како култура на големи површини. Од билката се употребуваат само семките.

Хемискиот состав на анасонот вклучува етерични масла од кои најмногу има анетол, потоа анис алдехид, ацеталалдехид, анисова киселина, триглицериди и други микро елементи.

anise_pimpinella_anisum_img

Анасонот се користи за лечење на астма, кашлица, за подобрување на апетитот, за несоница и пред се за стомачни проблеми.

Се употребува на тој начин што се додава една лажичка мелен анасон на 200 грама зовриена вода. Може да се користи и мед зачинет со прав од анасон.

 

8 (1)

На база на анасон, како и што почнавме со текстот, да кажеме и дека се произведуваат   многу алкохолни пијалоци ширум светот.

Покрај Мастиката кај нас се произведува и ракија-Анасонка
Во арапските земји се вика Арак
Во Турција Јени раки
Во Грција Узо
Во Франција Пастис
Во Италија Самбука
Во Колумбија Агуардиенте
А, низ Европа…Апсинт

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts