По повод 50-те години на Lamborghini , дизајнерот Валтер да Силва го претстави моделот Egoista.

Дизајнот на Егоиста припаѓа на иднината која ја живееме денес. А, името? Па, може ли некое друго име да ”пасува” подобро на овој убавец, кој не е за џабе самобендисан?

l1

l2

l3

l4

l5

l6

l7

l9Приказна е позната. Младиот Феручио Ламборџини по завршувањето на Втората Светска Војна, каде што служел како авиомеханичар, отпочнува бизнис со агро-механизација. Ламборџини произведува трактори. Повоена Италија ита кон земјоделска револуција а, Ламборџини тракторите се продаваа “како луди” . Ламборџини задоволен од успехот, решил да се почести со Ферари 250ГТ а, со тек на време и на уште неколку скапи парчиња на автомобили. Сепак не бил претерано задоволен од Ферари автомобилите а, посебно од фактот што кумплунгот на Ферари и на неговите трактори е сличен. По ова лично му се обратил на Енцо Ферари, жалејќи се од неговите автомобили. Одговорот од Енцо по долго чекање било нешто како “може знаеш да направиш трактор , ама Ферари никогаш нема да научиш да возиш”.

Инаетот, зовриената италијанска крв во вените на Феручио, навредата, гордоста ја направија историјата…Ламборџини против Ферари…..и трае…..и ќе трае!!!

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts