Ова може да се опише само со еден збор: Импресивно!

Андерс Рамзел го анимира култниот филм Blade Runner, со 12.587 различни слики, сликани во акварел техника. Сликите сами по себе не се нешто посебно но, споени заедно создаваат прекрасна флуидна низа на уметност во движење во траење од 35 минути.  Неверојатно е, затоа што имате чуство дека навистина го гледате филмот, ја следите приказната, па дури и го слушате гласот на Харисон Форд.

Некои го нарекуваат ова дело ”оргија” на бои и потези на четка, нам ни е  доказ, дека филмот, навистина е слики во движење!

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts