Почнувајќи од 1929, секоја година на езерото Комо во северна Италија се одржува конкурс на елеганција Villa d’Este во чии рамки постои и аукција на ретки и вредни автомобили .

Concorso-d'Eleganza-Villa-d'Este-2011-01

 

Оваа година аукциската куќа RM Auctions  постигна огромен успех продавајќи возила во вредност од 37 милиони евра. Но четвртина од тие средства отпадна само на едно возило , главната звезда Ferrai 340/375 MM Berlinetta. Ова возило беше продадено на анонимен купувач за 9.856.000 евра.

Concorso-d'Eleganza-Villa-d'Este-2011-03

Возилото учествувало и победувало на неколку трки своевремено а, било возено од неколку автомобилистички асови како  Ascari, Farina и Hawthorn. Поседува класичен атмосверски  V12 мотор од 4494 cm³ кој развива 340 KS.

Покрај овој модел 9 од 10 најскапо продадени автомобили беа од истиот производител Ferrari, што зборува за сеуште огромната популарност на оваа италијанска марка

ferrari-rm-ve__xl

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts