Забележавте ли дека вашите пријатели ја менуваат фотографијата на профилот на Фејсбук и наместо своја, ставаат фотографија на жирафа?

Тие се оние ”казнетите” или оние кои не успеале точно да одговорат на поставената загатка:

” Во 3 часот наутро ви ѕвони некој на врата. Неочекувани гости!?
Тоа се вашите родители дојдени кај вас на појадок.
Дома имате џем од јагоди, мед, вино, леб и сирење.
Што ќе отворите најпрво?”

Ова го пишувате како статус, па оние кои одговориле неточно треба да си ја сменат својата профил-фотографија. Многу одговори на едно прашање но, се бара само еден точен одговор.

Точните одговори се праќаат во пораки и одговорот не е јавен. А, оние кои не успеаваат да одговорат точно, е, кај нив ќе се појави жирафа 🙂

Дали е ова само игра или обична глупост? Или е досадно да гледате жирафи кога и да се логирате на Фејсбук? Можеби луѓето учествуваат во предизвикот колективно да се забававуваат.

Во 2010 год. имаше слична ваква игра кога се менуваа фотографиите со оние на омилените ликови од цртаните филмови. Ова беше дел од акцијата за поддршка на децата во развој.

Ако ви е интересно играјте и вие и одговорете на прашањето а, ако не, за одговор на загатката кликнете на фотографијата подоле:

 

 

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts