Рекламите за долен веш со совршени женски тела (најчесто и со помош на фотошоп) беа предмет на критики. Но, факт е дека и мажите се несигурни кога се работи за нивното тело. Затоа, Џени Франсис од магазинот The Sun направи серија на рекламни постери на кои вистински мажи позираат за познати марки на долен веш.
На постерите, рамо до рамо, се прикажани оригиналните реклами за овој неопходен дел од гардеробата, со познатите (згодни, манекенски) тела и помалку познатите тела на обични, вистински мажи во гаќи.
Митот или извитоперената перцепција за тоа како изгледаат машките тела во реалност, е срушен.