На денешен ден (6 јуни 1944 ) сојузничките сили преку Ла Манш, или Англискиот канал, се истовариле на северните брегови на Франција, тогаш под окупација на Германија, во областа Нормандија, уште попознато како Денот Д или Операција Оверлорд, со што започнала Инвазијата на Нормандија, која траела од 6 јуни 1944 до средината на јули 1944, а завршила со одлучна победа на Сојузниците, со што и официјално бил отворен западноевропскиот фронт. Овој ден симболично го означува почетокот на крајот на Втората Светска Војна, како и победата над Нацистите и конечна слобода во Европа.

HC-Normandy

Настанот е овековечен со неколку фотографии а, за тоа како било тогаш а, како е денес и не само за Денот Д туку и за неколку други историски настани, History Channel, продуцираше серија на фотографии со наслов “Know Where You Stand”. Познатиот светски фотограф Сет Тарас и рекламната агенција Граунд Зиро изработија серија од 4 фотографии како потсетник на минатото и бележник на тоа колку сме или не сме свесни за се она што се случувало на местото каде што во моментот стоиме и колку знаеме тоа да го почитуваме. Фотографиите имаа за цел да ги мотивираат луѓето да разберат повеќе за историјата и за тоа каде живеат. Веруваме, ја постигнаа целта.

HC-Berlin HC-Hindenberg HC-Paris

Ginka Ristova

Always looks on the bright side of life, but,nevertheless, wears an umbrella ...

View all posts